Деновиве ги гледаме груевистичките, русофилски медиумски мегафони како го клеветат Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Затоа, од името на партијата, должни сме пред јавноста да истакнеме неколку факти кои груевистичките мегафони свесно ги кријат велат од Обединети за Македонија.
– Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е на црната листа на САД поради татковинската војна. Додека соработниците на службите од соседните земји вешто се криеја за време на Војната, Претседателот беше во првите борбени редови, подготвен да ја брани Македонија и по цена на својот живот. Процесот за отстранување од црната листа е започнат и сигурни сме дека за некое време заедно со нашите стратешки партнери од САД, ќе ја постигнеме саканата цел. За разлика од „свежите“ имиња на црната листа кои се осудени за криминал, што е рамно на предавство кон сопствената држава, нашиот Претседател се најде на истата поради бирократски причини. Да не заборавиме дека Стејт департментот го забележа Претседателот Љубе Бошкоски како политички затвореник и со тоа груевистичката Влада докажа дека е на ниво со режимот на Лукашенко во Белорусија велат од партијата.
Од ОМ велат и дека Љубе Бошкоски, нема искористено ниту една дневница за службено патување, ниту пак средства за патни трошоци.
– За бројот на странски инвестиции, слободно може да се обратите кај агенциите и министерствата задолжени за тоа, за тоа колку странски инвестиции има преговарано и донесено господинот Љубе Бошкоски. Исто така, сакаме да потенцираме дека политичката партија Обединети за Македонија, како конзервативна партија е во тесна соработка со Републиканската партија на САД, како сојузници во европските конзервативни структури каде што сме активни. Затоа, логичен е фактот дека груевистичките и русофилски медиумски мегафони ќе прават обиди за дестабилизација не само на партијата, но и на самата држава, се вели во соопштението од партијата.