Драмата на подморницата „Титан“ со трагичниот исход во која загинаа пет лица, го шокираше целиот свет. А британската пејачка Адел ја спомена оваа трагедија на нејзиниот концерт одржан во Лас Вегас, веднаш откако се случи.
За време на концертот, во паузата меѓу песните, таа ја праша публиката дали би пловеле со подморницата Титан, за да го видат Титаник, пред да се случи оваа несреќа.
Таа ги замоли сите од публиката да кренат раце, а потоа низ насмевка и со шеговит тон рекла – „Ха, знаев!“
Adele talks about the titanic submarine.pic.twitter.com/XV3c2UBhwr
— About Music (@AboutMusicYT) June 24, 2023
После тоа, пејачката објасни дека и самата е голем обожавател на Титаник, но дека никогаш не би се осмелила да оди на ваква експедиција и дека тоа било „налудничаво“. Таа потоа разговараше со обожавателите за одење во вселената, што милијардерите се почесто го прават. И на тоа прашање имаше најнегативни одговори, вклучувајќи го и нејзиниот одговор. Пејачката изјави дека за неа е премногу страшна помислата некој да си го ризикува животот и да се спушти во подморница на голема длабочина.
Како што може да се види на социјалните мрежи, многумина ја осудија оваа постапка на пејачката, прашувајќи се што и требаше да се наврати на трагедијата која однесе пет животи и тоа на нејзиниот сопствен концерт, што само по себе е радосен настан.
Адел го организираше својот 30-ти роденден со тематска забава „Титаник“ и многу е заинтересирана за темите за бродот што потона во 1912 година во Атлантскиот Океан.