Во поплавите што синоќа ја зафатија општина Пеќ животот го загубија петгодишно дете и неговата мајка, пренесува Коха.
Откако потврди давење на петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Чешма“.
Градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери, изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.
Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите.