Сарачини очекува денеска да се најде решение со Косово

Од:

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи во текот на денов треба да пристигне во Македонија и да има средби со високи владини претставници. Очекувам по средбите да се донесе решение за проблемот со трговската војна со Косово, најави министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната заедничка работилница со ЕВН Македонија.

Тој посочи дека Македонија и Косово имаат одлични политички и економски односи и дека моменталната ситуација не му одговара на никого.

– Изнаоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за отпочнување на процес кој треба да придонесе до заемно прифатливо решение за двете страни. Денешната средба на високо владино ниво треба да резултира со конечно решавање на проблемот, изјави Сарачини.

Нагласи дека луѓето од двете земји и економиите имаат изградено цврсти релации и актуелната ситуација не му одговара на никого.

– Огромни штети секојдневно трпат компаниите, но се спречува и слободното дижење на луѓето така што очекувам денеска да се изнајде конечно решение, истакна Сарачини.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана