Премиерот Димитар Ковачевски верува дека има повеќе од доволно пратеници кои сакаат да продолжи евроинтеграцијата преку гласање за уставните амандмани и сака што побргу да заврши целиот процес, а истовремено нацрт верзијата од Преамбулата е заглавена во владините служби и воопшто не се знае кога ќе стигнат на седница на Влада, а не пак во Собрание.
– Роковите се пропишани, согласно нив ќе биде организарана и работата во Собранието, односно во комисијата за Устав која ја води претседателот Џафери. Што побру тоа се заврши, тоа подобро за процесот бидејќи државата не треба да биде блокирана од внатре. Јас се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став дека за нив е прифатливо менување на дел од уставот и преамбулата, дека е прифалтиво да бидат дел од владата која ќе отвори и затвори барем две поглавја. Барањето на ДУИ беше испочитуано така што тој процес треба да се реализира. Јас верувам дека од 120 пратеници има огромно мнозинство кое е за евроинтеграцијата посебно сега кога имаме поддршка од големите земји – рече Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачевски работи на убедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за добивање поддршка за уставните измени, иако има пратеници кои и во неговиот табор нема да кренат рака за промени, а за кои пишуваше „А1он“.
Дополнителен притисокм за Владата која упорно ги турка уставните измени е што Алтернатива и БЕСА се се погласни дека нема да гласаат за нив ако во Уставот не се избришат за нив навредливите „20%“, а а на иста линија е и коалицискиот партнер Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.
Нивниот став не го дели ДУИ од каде што се веруваат дека до првото гласање е можен договор со опозицијата.