Малите штркови во село Заполжани, општина Долнени кои го загубија својот дом поради силното невреме минатиот викенд, добија нов дом.
ЕКипи на Електродистрибуција денес поставија нова платформа за штрковите со кои птиците се целосно заштитени од електричен удар.
„ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија поставува платформи на столбовите, поради кои штрковите се целосно заштитени од електричен удар. Поради невремето во саботата, една ваква платформа паднала.
Веќе е обезбедена нова платформа и денес се постави од страна на Екипите на Електродистрибуција“, информираа од ЕВН.