Франција ќе испрати брод со подморница во спасувачка операција по исчезнувањето на подморницата која превезувала богати туристи до местото на потонатиот брод Титаник, соопшти денеска француското Министерство за образование.
Со бродот „Аталанте“ стопанисува истражувачкиот институт „Ифремер“, кој е во надлежност на Министерството за образование.
Извор од француската влада додаде дека еден француски државјанин е меѓу исчезнатите со подморницата.