Драма во океанот: Исчезна подморница која ги носи туристите до потонатиот брод Титаник

Од:

Исчезна подморницата што ги носела туристите да ги видат потонатиот брод Титаник во Атлантскиот Океан. Бостонската крајбрежна стража изјави за Би-Би-Си дека е во тек операција за пребарување на океанот во потрага по подморницата.

Не е јасно дали и колку луѓе имало во подморницата во моментот кога исчезнал. Малите подморници повремено носат туристи на тури за да го посетат потонатиот брод Титаник.

Титаник некогаш беше најголемиот брод во светот, а потона по судир со санта мраз во Атлантскиот Океан во април 1912 година. Потона на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк, а од 2.200 патници и членови на екипажот, повеќе од 1.500 загинаа.

Познатиот бродолом се наоѓа на 3.800 метри на дното на Атлантикот, на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада.

Би можело да ве интересира

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“