Добра и лоша вест за мостот кај Железничка – нема сериозни оштетувања, но за пуштање ќе мора да се почека

Од:

Мостот кој беше опожарен, а кој ги поврзува Железничка и Ист гејт нема сериозни оштетувања и неговата санација ќе биде полесна, односно се работи за помали зафати. Сепак најавите дека овие зафати би биле готови за неполн месец се нереални.

Според информациите на А1он, испитувањата се завршени и експертизата ќе биде готова и доставена до Град Скопје наредниот понеделник. Од она што е утврдено, на мостот ќе му биде потребна лесна санација. Нема да има потреба од дополнително зајакнување од кое се стравуваше, а за кое ќе беше потребен подолг временски период за санација.

Сепак и оваа лесна санација бара време, и и покрај желбата на надлежните и Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, опожарениот мост кај Ист Гејт и Железничка неможе да биде пуштен скоро во употреба како што се најавува.

„На мостот не му е потребно зајакнување бидејќи од визуелната слика што ја добивме од снимката со дрон се гледа дека каблите за преднапрегање не се оштетени од висока температура. Оштетен е само бетонот и треба на долната плоча да се постави заштитен бетон“, вели за А1он, професорот Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени, ангажиран од Град Скопје да направи експертиза за мостот.

Потребно е таканареченото торкретирање со бетон да се изврши на долниот дел од плочата, потоа да се изврши пробно оптоварување, па да се пушти мостот во употреба. Проблем е што до тоа воопшто да дојде мора да се отстранат цевките на топлификиција.

„Од отстранувањето на цевката од страна на тимовите на ЕСМ ќе зависи кога ќе почне санацијата, бидејќи без вадењето на цевките не може да се направи ниту примарната санација, Откако ќе се почне со санацијата по правило би требало бетонот да зрее 28 дена и потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60 тонски возила и дури потоа може да се пушти мостот. “, вели Гаревски .

Што се е оштетено и од што зависи санацијата, Гаревски детално објаснуваше и во видео репортажата на А1он.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Се запали автомобил среде раскрсница кај Железничка во Скопје

А1он