А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Венизелос: Атина е за географска одредница и „ерга омнес“

by А1он12/09/2013 - 10:0712/09/2013 - 13:32126
Share0

Следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк, изјaви грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Добивај вести на вибер

Грчкиот вицепремиер ја информираше Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц, при што повтори дека процесот трае 18 години откако стапи во сила Времената спогодба.

– Со оглед на тоа што многу интензивно и лично учествував во процесот кој доведе до изготвување на Времената спогодба, знам колку е важно да постои референтна рамка, и ја изразив почитта на Грција за напорите на генералниот секретар и на Нимиц, рече Венизелос и додаде дека е важно процесот на преговори да продолжи.

Тој изрази уверување дека „грчката позиција, како што е формулирана, ужива широк национален консензус, и повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на политичкиот термин“. Венизелос уште еднаш кажа дека Грција е само за ерга омнес решение.

– Мислем дека јаснотијата со која одговоривме и ги кажавме нашите позиции, како и анализите кои ги спроведовме со Нимиц, многу ќе помогнат во преговорите со Скопје и подоцна, на нашите состаноци за ова прашање, рече Венизелос.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен