(ВИДЕО) Голема птица удри во авион, крвавиот пилот продолжи да лета: Застрашувачка снимка од пилотската кабина

Од:

Голем инцидент се случи во Еквадор кога огромна птица удри во авион и ја скрши шофершајбната. Во видеото кое кружи на социјалните мрежи, пилотот Ариел Валиенте го управува авионот додека долниот дел од стомакот на животното е пред него.

Пилотот се сними како управува со леталото, а лицето и униформата му се облеани во крв.

Сепак, капетанот успеа да ја задржи присебноста, но и стабилноста на леталото.

Овој необичен инцидент се случи во провинцијата Лос Риос во Еквадор, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Воздухопловните власти се уште не успеаа да ја утврдат висината на која се наоѓало леталото, ниту пак рутата по која се движел. Медиумите јавуваат дека големата птица починала неколку минути по ударот.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците