Курти бара итно ослободување на припадниците на неговите полициски сили

Од:

Косовската полиција денеска извести дека тројца нивни граничари биле киднапирани од српските сили за време на патрола во градот Тресава – Баре, на граничната линија на северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти кажа дека тројца полицајци биле „киднапирани“ од српската војска и оцени дека тоа е „одмазда“ за апсењето на Милун Миленковиќ во вторникот.

„Тројца косовски полицајци се киднапирани денеска во Лепосавиќ каде некогаш имало илегален шверцерски пат кој се наоѓа на околу 300 метри во нашата државна територија.

Се сомневаме дека се киднапирани од српската војска, јасно како одмазда на Србија за вчерашното апсење на озлогласениот криминалец Милун Миленковиќ, кој е еден од водачите на организираниот криминал и шверцот“, напиша Курти на својот фб профил.

„Влегувањето на српските сили на територијата на Косово е агресија и цел на ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на тројцата киднапирани полициски службеници и ги повикуваме меѓународните фактори да го осудат овој чин на српска агресија“, додаде Курти на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски