Косовска полиција: Полициските службеници ја известиле базата дека забележале маскирани и вооружени лица

Од:

Според полициското соопштение на косовската полиција, тројца полициски службеници кои биле на должност и ја известиле базата дека забележале вооружени и маскирани лица. Откако дополнителните единици на косовската полиција пристигнале на местото на настанот, пронашле само службен автомобил, но не и полицајци.

„Во правец на оваа локација веднаш се движеа и други полициски единици, а информирани се и други институции, меѓу кои и КФОР, бидејќи постои сомневање дека полицајците биле киднапирани од српските сили. Со цел да се преземат конкретни активности за безбедноста на полицајците за кои постои сомневање дека се киднапирани од српските сили, контактирани се сите локални и меѓународни механизми за што поскоро да бидат ослободени и вратени во косовската полиција“, пишува „Коха диторе“ повикувајќи се на соопштението од косовската полиција.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина