Курти предложи пет точки за излез од кризата: Итно да се повлечат криминалните групи за да се намали присуството на специјалците

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека предложил пет точки со цел да се деескалира ситуацијата на северот на Косово и дека за да се намали присуството на специјалните единици на косовската полиција, прво е потребно итно повлекување на криминалните групи од северните општини.

Курти на прес-конференцијата рече дека планот утринава им го презентирал на амбасадорите на земјите од Квинта, а вчера телефонски разговарал со високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак. За неговиот предлог вчера го информирал и американскиот амбасадор Џеф Ховениер.

Курти рече дека ескалацијата на северот на Косово е последица на бојкотот на српските вонредни локални избори во април во четири северни општини, поради притисокот на Белград врз локалните Срби да ги бојкотираат изборите.

Во својот предлог од пет точки со конкретни чекори за излез од ситуацијата, Курти бара прво да се спроведе владеењето на правото на северот, во смисла да се идентификуваат криминалните групи кои доведоа до насилството и второ, насилните групите веднаш се оддалечуваат од север.

Трето, косовската полиција и КФОР или ЕУЛЕКС да спроведуваат заеднички безбедносни проценки на секои 15 дена со цел да гарантираат безбедна средина, четврто, Владата на Косово, во координација со сите актери, да распише предвремени избори во четири општини на северот и петто, Приштина и Белград да се вратат на дијалог со посредство на ЕУ.

„Како што покажува хронологијата на развојот на настаните, од 5 ноември минатата година нашите одлуки ниту придонесоа за ескалација, ниту се извор на ескалација на ситуацијата на северот на Косово. Должни сме да ги спроведуваме уставните одредби и закони на целата територија на Република Косово“, нагласи Курти.

Тој посочи дека Косово и Србија од февруари и март годинава договориле основен договор од Брисел и Охрид, кој треба да се спроведе.

Тој рече и дека најмногу насилство имало на 29 мај во Звечан, кога новиот општински претседател не бил во општинската зграда, што, како што рече, значи дека не се работи за претседателот, туку за криминални групи кои извикуваа и „ убиј, убиј“. Курти рече и дека на Косово нема насилство кога нема наредби од Белград.

Курти рече дека криминалните групи доаѓаат од Србија за да го дестабилизираат Косово и дека тие што ги нападнаа војниците и новинарите на КФОР мора да одговараат.

Прашан за коментар за предлог-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, што албанскиот премиер Еди Рама го достави до Брисел, Курти рече дека адресата за тој модел за националните малцинства е во Белград.

„Нема сомнеж дека премиерот Рама смета дека тоа е вистинскиот модел, добар модел, но требаше да му го даде на претседателот на Србија како предлог за Албанците во Прешево, Медвеѓа и Бујановац, особено што член 8. точка 1 од Уставот на Република Албанија вели дека Република Албанија ги штити националните права на албанскиот народ кој живее надвор од нејзините граници“, нагласи Курти.

За санкциите на стратешките партнери кон Косово, Курти рече дека преземените мерки не се фер. Тој додаде дека слуша совети, но дека Владата на Косово одлучува сама затоа што сноси одговорност.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски