Силвио Берлускони – контроверзен политичар и бизнисмен опседнат со фудбал

Од:

Силвио Берлускони е роден на 29 септември 1936 година во Милано, а почина на 12 јуни 2023 година во својот роден град.

Како лидер на движењето Форца Италија, Берлускони го постигна првиот значаен резултат во италијанскиот политички живот во 1994 година, само три месеци по формирањето на движењето, кога беше избран во Претставничкиот дом, а потоа назначен за премиер по општите избори.

По девет месеци на власт, неговата влада пропадна поради несогласувања со коалициските партнери. Меѓутоа, на општите избори во 2001 година, Берлускони, како кандидат на десниот центар за премиер, го победи кандидатот на левиот центар Франческо Рутели, по што остана на власт до 2006 година, кога загуби на изборите од Романо Проди.

Сепак, тој повторно победи на општите избори во 2008 година, а по третпат положи заклетва како премиер на 8 мај 2008 година.

Откако го загуби мнозинството во парламентот поради фискални проблеми поврзани со должничката криза, Берлускони поднесе оставка како премиер на 16 ноември 2011 година.

Берлускони беше сопственик и основач на медиумски компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“, а неговата кариера во сите области ја одбележаа бројни скандали. Сепак, поради неговата ексцентрична природа, Берлускони беше сакан надвор од границите на Италија.

Тој беше сопственик на фудбалскиот клуб Милан од 1986 до 2017 година и претседател на клубот во периодот од 1986 до 2004 година, а има култен статус меѓу навивачите на Росонерите, бидејќи некои од најголемите успеси на клубот беа постигнати под палката на Берлускони. Во периодот кога Берлускони го водеше клубот, Милан пет пати беше европски шампион, а осум пати шампион во Серија А.

Во 2018 година го купи фудбалскиот клуб Монца, кој лани за прв пат во историјата се избори за пласман во првата лига.

Според Форбс, богатството на Берлускони се проценува на 7,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Италија со државен погреб се простува од Силвио Берлускони

Катерина Ѓуровски

Му беше последниот голем пријател во Европа: Путин се огласи за смртта на Берлускони

Почина Силвио Берлускони

Катерина Ѓуровски

Берлускони: Во тешка состојба сум, но ќе се извлечам уште еднаш

Горан Наумовски

Берлускони ослободен од обвинението за поткуп во случајот на малолетничка проституција

Горан Наумовски

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика, реизбран е за сенатор

А1он