Берлускони: Во тешка состојба сум, но ќе се извлечам уште еднаш

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој боледува од леукемија и е хоспитализиран на интензивна нега во болница во Милано, изјави дека е во тешка состојба.

„Успеав да ја надминам пропаст, дури и во тешки и деликатни ситуации“, изјави Берлускони преку италијанскиот дневен весник Il Giornale, кој е дел од неговата медиумска империја.

86-годишниот медиумски магнат, кој од средата се наоѓа на одделот за интензивна нега во престижната миланска болница Сан Рафаеле, „одмара и добро реагира на лекувањето“, изјави министерот за надворешни работи Антонио Тајани за телевизијата Раи 3.

Тајани, поранешен претседател на Европскиот парламент, е број два во партијата Форца Италија на Берлускони, која е дел од владејачката коалиција на премиерот Џорџија Мелони. Поради долговечноста во политиката, Берлускони го доби прекарот „бесмртен“. Тој беше реизбран во парламентот во 2022 година. Неговите лекари објавија дека тој боледува од белодробна инфекција поврзана со „хронична миеломоноцитна леукемија која ја има веќе некое време“.

На кардиолошкиот оддел во таа болница во предградието на Милано го посетија роднините на поранешниот премиер, предводени од неговиот брат и децата.

„Подобар е од порано, подобар е“, рече Федел Конфалониери, долгогодишен пријател и соработник кој го посети.

Навивачите на фудбалскиот клуб Монца, сопственост на Берлускони, закачија транспарент на вратата од болницата: „Храбар Силвио! Монца е со тебе“.

„Утре ќе одиме на терен и поради него, бидејќи неговиот принцип е никогаш да не се предаваме, да се бориме до крај. Мораме да излеземе на терен со тој дух, да го расположиме“ со победа, изјави Тренерот на Монца, Рафаеле Паладино пред натпреварот против Удинезе.

Поранешниот премиер и сенатор Матео Ренци, политичкиот ривал на Берлускони, во петокот на Твитер објави порака со поддршка: „Храбар Силвио. Те чекаме насмеани во Сенатот“.

Силвио Берлускони, еден од најбогатите луѓе на полуостровот, со богатство проценето на Форбс на 6,4 милијарди евра, во последните години се почесто е во болница.

Минатиот месец милијардерот веќе помина четири дена во истата болница, а беше пуштен пред една недела. Берлускони влезе во политиката во 1994 година, а премиер беше вкупно девет години. И покрај низата сексуални скандали и правни постапки кои го нарушија неговиот имиџ, за некои Италијанци тој сè уште е политичкиот избор.

Би можело да ве интересира

Италија со државен погреб се простува од Силвио Берлускони

Катерина Ѓуровски

Му беше последниот голем пријател во Европа: Путин се огласи за смртта на Берлускони

Силвио Берлускони – контроверзен политичар и бизнисмен опседнат со фудбал

Почина Силвио Берлускони

Катерина Ѓуровски

Берлускони ослободен од обвинението за поткуп во случајот на малолетничка проституција

Горан Наумовски

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика, реизбран е за сенатор

А1он