Директорот вмешан во инцидентот во Кавадарци: Не знам од кои причини се води хајка против мене

Од:

Директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Ѓорѓи Ѓорчев, се обрати до јавноста по инцидентот пред угостителски објект во Кавадарци.

„Јас Ѓорѓи Ѓорчев под целосна морална одговорност, во врска со настанот во Дискотеката Централ, којшто се случи на ден 10.06.2023 година, околу 01.30 часот, после изнесените невистини и лажни обвинувања со едно видео и текст објавени од порталот Реално Кавадарци, чувствувам потреба да се произнесам за нелогичности кои беа објавени на порталот. Во видеото не е прикажан моментот на провокација од страна на лицето кое вербално ме навредува и лицето коешто незаконски го снима и објавува видео записот.

Барам одговорност од порталот што го објавува видеото и од лицето кое незаконски го снимал и монтирал за да го објави.

Тие што ме познаваат знаат дека не сум конфликтна личност.

Не знам од кои причини се води хајка против мене од настанот врз основа на едно снимено и монтирано видео, преку коешто текстуално се изнесуваат невистини со цел да се наруши мојот углед и чест“, стои во неговата објава.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код