Пакистанските талибанци и армијата денеска извршија размена на заложници како мерка за градење меѓусебна доверба пред евентуалните мировни преговори.
Разменети биле шестмина бунтовници и двајца борци од паравоениот Граничен корпус, информираа вработени од разузнавањето и командант на талибанците.
Според нивните тврдења размената е извршена во областа Шаван во племенскиот регион Јужен Вазиристан. По размената ослободените талибански борци заминале во соседен Северен Вазиристан, главното упориште на талибанците во земјата.
Главните политички партии во Пакистан во понеделникот објавија дека ќе ги поддржат властите во напорите за почеток на преговорите со исламистичките бунтовници.