Средба Ахмети – Орав во Тетово

Од:

Амбасадорот Аиво Орав денеска на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети ја изразил загриженоста на Европската Унија за ситуацијата помеѓу Македонија и Косово по меѓусебните блокади, а се интересирал и за посетата на Ахмети на Атина и за домашните политички случувања.

Во партиското соопштение се наведува дека на средбата што се одржала во седиштето на партијата на ДУИ во Тетово, Ахмети го известил Орав дека утре во Македонија ќе дојде косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи за да разговара со македонските власти за надминување на блокадите.

Ахмети, според соопштението, синоќа и денеска разговарал со заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи со кого се согласиле дека оваа ситуација треба да се надмине што е можно побргу и да се нормализира пазарот, како и движењето на луѓето и стоката.

На средбите во Атина, како што информирал Ахмети, Грција покажала готовност да и помогне на Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ, но само ако се реши спорот со името помеѓу двете земји.

– Секое одлагање на решението има последици по земјава и регионот затоа што секоја стагнација носи регрес и неизвесност, рекол Ахмети и апелирал до Брисел за да се ангажира уште повеќе затоа што Македонија се наоѓа пред избор од два пата, интеграција во НАТО и ЕУ или изолација.

Според Ахмети, меѓународната заедница треба да се ангажира заеднички со нас во зачувување на вредностите постигнати заедно затоа што тие се загрозуваат ако не се интегрираме во НАТО и ЕУ.

Тој го поздравил постигнувањето на договор околу анкетната комисија за декемвриските настани.

Соговорниците исто така зборувале и околу прашањата поврзани со слободата на медиумите, владеењето на правото, корупцијата, и слично.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити