Управата на полицијата на Црна Гора извршила увид на објекти за кои се добиени пријави за поставени експлозивни направи.
Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.
„Се преземаат активности за да се идентификува IP адресата од која се испратени спорните мејлови“, се вели во објавата на Твитер.