Нема решение меѓу Мекедонија и Грција во врска со априлскиот предлог за името, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со премиерот Никола Груевски.
Тој објасни дека во Атина имаат два проблема во врска со неговиот предлог, односно местоположбата на географската одредница и обемот на употреба на името.
Нимиц појасни дека не е спорно дека Македонија треба да стои во името, но дека грчката страна инсистира на севкупна употреба на договореното име што подразбира официјална употреба во институциите, договорите, во ОН како и во друго меѓународни организации.
Во врска со грчкиот став за севкупна употреба на името, тој објасни дека грците бараат кога ќе се постигне договор за име истото да се користи и внатре во земјата.
Пред средбата со премиерот Груевски, медијаторот на Он се сретна и со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а вчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, а најави дека од Њујорл ќе продожи да работи на решавањето на спорот и ќе биде во контакт со двете земји.
Темјана Поповска