Министерот за здравство Фатмир Меџити не сака да води ПР на социјалните мрежи како премиерот Димитар Ковачевски ниту пак има желба да ги користи.
Затоа не видел дека неговиот претходник Беким Сали го нарекол пишманаџија.
– Јас не сум љубител на социјалните мрежи. Кога ми зборуваат за ПР да платиме големи суми на интернет, јас им велам подобро да одам да реновираме 3-4 тоалети по Клиники. Јас сум човек од акција и не би сакал да коментирам. Јас кажав дека сум доктор и сакам да ставам хируршки рез и за мене е битна сегашноста и иднината на граѓаните и пациентите – истакна Меџити.