Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси во југоисточна Франција, изјави министерот за внатрешни работи. Жералд Дарманин потврди дека полицијата го уапсила сторителот.
#Update: Just in – Video footage of the helicopter at the park in #Annecy, #France, after allegedly an suspected mass stabbing terror attack injured at least 8 minors between the age of 3-5 years old during a school trip to the park. pic.twitter.com/r21C1V8gxG
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 8, 2023
Регионалниот заменик Антоан Арман го опиша нападот како „гнасен“ и рече дека властите истражуваат.
Француската премиерка Елизабет Борн е на пат кон местото на настанот. Шест деца се повредени во напад со нож, пренесува агенцијата АФП. Локалните медиуми јавија дека жртвите биле на возраст од околу три години. Француското национално собрание одржа едноминутно молчење, а патиштата околу местото на нападот беа блокирани.
Полициски извор за AFP изјави дека напаѓачот е од сириско националност, барател на азил и немал досие.