Eдногодишно девојче денеска е пронајдено мртво во автомобил во Рим. Детето наводно било оставено само во автомобилот од еден од родителите, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Во автомобилот први ја виделе припадниците на вооружените сили присутни во населбата. Еден од нив го скршил стаклото од автомобилот и се обидел да и пружи прва помош на несреќното девојче. Тогаш пристигнале лекарите и се обиделе да ја реанимираат, но залудно. Според првичните сознанија, се чини дека смртта настапила најмалку неколку часа пред да биде пронајдено девојчето.
Карабинерите се сомневаат дека ја оставил во автомобилот еден од нејзините родители кој отишол во блиската градинка. Родителите се однесени на распит, а се сослушуваат и нивни познаници. Истрагата е во тек.