(ВИДЕО) Муцунски: ИК на ВМРО-ДПМНЕ со позиција – Уставни измени под диктат и во околности кои се поразителни за Македонија не смее да има

Од:

Денес во пресрет на одржувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците, заседаваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кажа на прес-конференција Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го овласти претседателот на партијата, проф. др Христијан Мицкоски да ги афирмира и одбрани следните позиции:

Поаѓајки од националните и државните интереси и запазувајќи го мислењето на огромното мнозинство на граѓани во државата, Уставни измени под диктат и во околности кои се поразителни за Македонија не смее да има. Носењето на Уставни измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонските народ, кога се оспорува јазикот, историјата и културата не е никаков чекор напред, туку отварање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекувања.

Македонија токму поради лесните отстапки до сега и штетните политики на власта е веќе во изолација. Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или за изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за Уставни измени и национални порази или за одбрана на националното достоинство и националните и државните интереси.

За ваквата подредена состојба на државата е виновна криминилизраната власт на ДУИ и СДСМ.

Македонските граѓани отсекогаш силно ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат европската интеграција на Македонија. Но, тоа не треба да прерасне во понижувачки процес за прифаќање на диктати туку процес на прифаќање и почитување на вредностите и создавање на национално единство. Оттука, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во името на огромно мнозинство македонски граѓани бара фер шанса иста каква што ја имаа останатите народи и држави од Централна и Источна Европа кога пристапуваа кон ЕУ“, изјави Муцунски.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение