СДСМ: Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ или останува во заложништво на Левица

Од:

„Нашата држава, нашиот народ е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, со цел полноправно членство во ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега е потребно да се искористи таа шанса, да се искористи силната и конкретна поддршка од нашите сојузници во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД“, велат од СДСМ.

„Немаме време за губење и чекање, важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност за остварување на стратешката цел за членство во ЕУ.

Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со сопствената одговорност дека имаме шанса да донесеме одлука важна за иднината на земја и тоа заедно.

Глас за Европа во македонското Собрание е глас за европска иднина.

Најдобро македонско национално единството ќе постигнеме доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.

Доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ.

Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ и обединување околу европската иднина на државата, или останува во заложништво на Левица“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он