Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска

Од:

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер е регистриран во Романија во 19 часот и 26 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри и 11 километри оддалечен од градот Арад, каде живеат околу 169.000 жители, пишува ЕМСЦ.

Засега нема извештаи за значителна штета или жртви. Романските граѓани кои живеат во близина на епицентарот известија дека тој се почувствувал исклучително силно, дека траел десет секунди и дека биле многу исплашени.

Сведочат дека цела куќа им се тресела, мебелот се мрдал и работите паѓале од полиците.

Земјотресот го почуствувале и во српскиот главен град Белград, како и жители на делови на Хрватска и на Унгарија.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски