Србите од Лепосавиќ се натпреваруваа против американските припадници на КФОР во влечење јаже. Србите во Лепосавиќ протестираат веќе деветти ден откако градоначалникот кој не го признаваат влезе во општинската зграда, а денеска продолжија „Работничките спортски игри 2023“ кои почнаа вчера.
Овие игри традиционално се одржуваат во Лепосавиќ повеќе од 45 години.
Овојпат учествуваа и американските членови на Кфор, кои на крајот победија со резултат 2:1 во дуелот со домашните од Лепосавиќ.