Украинската полиција уапси маж (38) под сомнение дека на 30 мај ја убил мајка си, а потоа нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса.
Грозоморниот случај бил откриен кога граѓанин пријавил дека пронашол женска глава во контејнер додека исфрлал ѓубре.
Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот, а потоа почнале да пристигнуваат извештаи дека се пронајдени и други делови од телото.
Набрзо било утврдено дека жртвата е 60-годишна Украинка, жителка на Одеса.
Истражителите се сомневале дека нејзиниот син по расправија неколку пати ја удрил со секира, а кога таа беспомошна паднала на подот, па ја задавил. После тоа, телото го одвлекол во бањата, каде го исекол телото на парчиња и ги спакувал во вреќи.
Потоа отишол дома и се вратил следниот ден за да ги отстрани деловите од телото.
Полицијата за неполни 24 часа успеала да го идентификува и да го уапси.
Доколку се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна до 15 години.