Најмалку 12 лица починаа од труење со ракија, во централен Пакистан, соопштија официјални лица од полицијата и Министерството за здравство.
Несреќата се случила откако жртвите испиле домашна ракија на една прослава, во близина на местото Рахим Јар Кан, пренесе „Франс прес“.
Според шефот на локалната полициска станица, Мухамед Јасин Гуџар повеќето лица починале затоа што нивните семејства не побарале лекарска помош, за да ги избегнат проблемите со полиција
Тој додаде дека полицијата извршила претрес во неколку нелегални дестилерии и уапсила две лица, поради сомнеж дека произведуваат отровни ракии.
Продажбата на алкохол во Пакистан е забранета и многу лица произведуваат ефтина ракија во своите домови.
Елена Георгиевска