Артан Груби: Законите за „Бехтел и Енка“ нема да паднат на Уставен

Од:

Вицепремиерот Артан Груби кој е главен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 Д, не верува дека законите поврзани со „Бехтел и Енка“ кои Пендаровски ги потпиша во понеделникот, ќе паднат на Уставен суд.

– Нема да паднат на Уставен, нема да паднат и не гледам причина зошто би имало иницијатива кога во Законот за работни односи го нема спорното работно време од 60 часа. Законското решение предвидува дека работниците кои ќе сакаат да работат прекувремено ќе мора да потпишат согласност и за тоа ќе мора да им се плати – рече Груби.

Запрашан зошто не е доставен договорот до Антикорупциската комисија во целост, тој рече дека ДКСК добила редактирана верзија од компанијата „Бехтел и Енка“.

– Затоа што договорот има клаузула за доверливост и за да се достави до медиумите, до ДКСК, до пратениците, освен до Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни и од Владата и од конзорциумот. Тие ни доставија редактирана верзија која е доставена до ДКСК, а Јавното обвинителство има целосна верзија – додаде првиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

Обвинение за Артан Груби, Перпарим Бајрами и шестмина други за злоупотреби во „Државна лотарија”

Горан Наумовски

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби