Судот во Белград му одреди 30 дена притвор на П.М. поради сомнение дека симулирал држење пиштол во рака, кој го „вперил“ во правец на деца.
Тој е осомничен дека после тоа неколку пати удрил маж.
Притворот му е одреден бидејќи постојат посебни околности кои укажуваат дека ќе се меша во постапката со влијание врз сведоци, како и дека за краток период ќе го повтори кривичното дело доколку биде пуштен на слобода, соопштија од Првото основно јавно обвинителство во Белград. П.M. е осомничен за кривично дело насилничко однесување.
Се сомничи дека на 29 мај околу 19 часот во алкохолизирана состојба во парк кај општина Врачар, П.М. симулирал држење пиштол во рака, кој го „вперил“ во правец на децата кои биле во паркот, односно симулирал пукање, што предизвикало вознемирување кај родителите и граѓаните кои биле во паркот.