Словенечкиот државјанин Љ.Т. (20) е осомничен дека ја задави својата девојка Е.М.(27), државјанка на Србија, која живее во Марибор.
Според словенечките медиуми, младиот човек прво ја претепа девојката, а потоа ја задави.
Сосетка од зградата во која живееше жртвата раскажува како слушнала звуци од станот и женски врисоци: „Пушти ме!“.
– Сакав да повикам полиција, но потоа се смири ситуација – вели соседката.
Немилиот настан се случи во четвртокот, а суровото злосторство е откриено дури во понеделникот. Според Slovenske Novice, младиот човек дури два дена спиеше покрај својата мртва девојка.
И младиот човек и починатата девојка веќе имале работа со полицијата.
-Имаше пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачка и проблеми со дрога – велат од словенската полиција.