Приштина ќе ги сноси последиците што не го слуша Вашингтон и актуелните настани ќе влијаат на нашите односи, изјави амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил.
Хил во обраќањето пред новинарите во Белград рече дека ова се многу тешки денови на Косово и потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен рекол дека САД се противат на потезите на Приштина и дека за тоа може да има последици.
Тој исто така истакна дека САД силно ги осудуваат нападите врз припадниците на КФОР и дека е многу важно тоа да не се повтори.
„Не смееме да го изгубиме компасот и насоката на движење, а тоа е формирање на Заедницата на српските општини и нормализација на односите преку дијалог. Неопходно е да се смири ситуацијата во регионот и да се продолжи патот кон Европската унија и евроатлантските интеграции“, рече Хил.