Легија на слободата на Русија: Регрутираме илјадници за да ја нападнеме Москва

Од:

Руската Легија на слободата, која ја презеде одговорноста за нападот во Белгород минатата недела, изјави за Тајмс дека регрутира „илјадници“ за да ја нападне Москва. Командантот на легијата рече дека голем број кандидати чекаат да се приклучат на милицијата за да извршат рации долж границата.

„Ќе продолжиме да ја напаѓаме границата додека нашите сили не бидат доволно големи за да ја нападнат Москва“, изјави нивниот командант за Тајмс.

„Имаме сериозни можности“, рече тој.

„Имаме минофрлачи, оклопни возила, преносни противтенковски системи и многу ефикасна извидувачка единица со беспилотни летала“, рече тој.

Легијата минатиот понеделник соопшти дека „целосно го ослободила“ градот Козинка и дека единиците стигнале до центарот на областа Граиворон, пред Русија да објави дека ги избркала од територијата во вторникот попладне. Москва ги обвини „украинските милитанти“, додека Киев наводниот упад го претстави како бунт на руските граѓани.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он