Нимиц се сретна со Попоски, во Владата ќе разговара со премиерот Груевски

Од:

Медијаторот на ОН Метју Нимиц по едночасовните разговори со шефот на дипломатијата Никола Попоски, не даде изјава за медиумите и замина на средба со премиерот Никола Груевски.

Нимиц, по вчерашното пристигнување, најпрво се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов при што дискутирале околу идеите и размислувањата на Нимиц како и за исходот на неговата посета на Атина.

Претседателот Иванов истакнал дека Македонија е подготвена за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција околу името, како и на активно и конструктивно учество во процесот со цел да се дојде до заемно прифатливо решение.

Нимиц дојде во Скопје од Атина каде што имаше средби со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. По оваа средба тој изјави дека му биле разјаснети ставовите на грчката страна без да соопшти повеќе детали.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија