МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Од:

Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година.

Како што соопшти Министерството за труд социјална политика (МТСП), исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди. За првиот мерен период исплатата е во текот на декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година. За третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.

– Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон, се наведува во соопштението од МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска