Експлозија пред Министерството за надворешни работи во Бенгази

Од:

Силна експлозија одекна денеска пред зградата на либиското Министерство за надворешни работи во Бенгази, јави ДПА.

Според извори во либиските безбедносни сили, зградата била цел на напад со автомобил-бомба.

При експлозијата полесно се повредени неколкумина случајни минувачи.

При нападот урнат дел од зградата на Министерството, а поголеми оштетување се нанесени и на соседниот објект на Централната банка на Либија.

Експлозијата се случува на првата годишнина од нападот врз американскиот Генерален конзулат во Бенгази од страна на група исламисти поврзани со Ал Каеда, при што загинаа четворица Амриканци, меѓу кои и амбасадорот на САД во Либија, Кристофер Стивенс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски