(ВИДЕО) Првиот кинески патнички авион C919 го направи првиот комерцијален лет

Од:

Првиот кинески патнички авион од домашно производство полета на својот прв комерцијален лет во неделата наутро.

Државната телевизија го прикажа C919 како се издигнува кон небото над Шангај, движејќи се кон главниот град Пекинг, објави Би-Би-Си.

Изграден е од страна на Комерцијалната авијација на Кина (Comac) со надеж дека ќе стави крај на доминацијата на авионите Ербас и Боинг.

Кинескиот авион со 164 седишта сè уште многу се потпира на западните компоненти, вклучувајќи ги моторите и разни други компоненти.

Првиот комерцијален лет беше од Шангај до Пекинг, со повеќе од 130 патници и заврши за нешто помалку од три часа.

Државната компанија China Eastern Airline нарача пет авиони.

Comac, кој планира да произведува 150 авиони годишно во рок од пет години, вели дека веќе има обезбедено повеќе од 1.200 нарачки за C919.

Некои експерти, сепак, велат дека повеќето од тие нарачки се сметаат за писма со намери од домашни купувачи.

Претседателот Си Џинпинг, кој седна во пилотската кабина на макетата C919 пред неколку години, го опиша проектот како едно од најиновативните достигнувања на Кина.

Би можело да ве интересира

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина