НАТО денеска ги повика приштинските институции веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово, еден ден oткако косовската полиција насилно со солзавец, шок и димни бомби упадна во зградите на три општини со мнозинско српско население и во нив внесе градоначалници Албанци.
Ги повикуваме институциите во Косово веднаш да ја деескалираат ситуацијата и ги повикуваме сите страни да ја решат ситуацијата преку дијалог, напиша на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
Таа додаде дека КФОР – мисијата на НАТО во Косово – останува будна и ќе обезбеди безбедна средина.