Иако поминаа законите за пакетот закони поврзани со изградба на коридорите ние нема да замолчиме затоа што секоја страна од договорот за коридорите 8 и 10д е по еден скандал, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на денешната седница за пратенички прашања.
Јаревски го праша министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дали е точно дека е предвидено пет специјалисти да земаат надомест од 36.500 евра месечно. Така велат документите кои ги имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но кој не е доставен од Владата официјално.
Прашувам, рече Јаревски затоа што вие не го давате никому договорот, но истиот порано или подоцна ќе го добиеме.
Пратеникот исто така го праша министерот, како велат дека договорот ќе чини 1,3 милијарди евра, кога не се прецизирани цените во истиот.
„Дали во договорот има празни ставки, знаете ли што значи тоа да се потпише договор, а во истиот да има празни ставки или да стои дополнително ќе биде договорено. Тоа значи кривична одговорност. Како можете да ја лажете јавноста, вашите пратеници и јавноста дека вредноста на договорот е 1,3 милијарда евра. Дали, колку и кој се прашања на кои треба да се има одговори во договорот, а тие се празни ставки или како што се вели дополнително ќе бидат договорено. Како можевте да лажете дека со овие измени ќе биде поевтина изградбата кога вие не сте договориле цена. Цена има само за асфалт, ама е три пати поскапа од досега потпишаните договори“, заклучи Јаревски.