Tепачка во Земун: Млад човек прободен во срце, друг има изгореници од факел

Од:

На улицата Јована Стојсављевиќ во Земун настана тепачка помеѓу неколку лица. Полицијата се сомнева дека се работи за тепачка меѓу навивачи, неофицијално дознава Телеграф.рс.

Дел од учесниците во тепачката запалиле факел, а едно лице извади нож и го прободе Д.Н.(18) во срцето. Вториот повреден има изгореници од факелот.

На повредениот му е укажана лекарска помош во болницата „Бежанијска коса“, каде му биле констатирани тешки повреди опасни по живот.

Со брза интервенција на полициски службеници приведен е Н.К.(21), против кого е поднесена кривична пријава за убиство во обид. Полицијата пронашла и нож со кој, се сомнева, бил нападнат младиот човек.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Утре ќе биде сослушан.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“