Претседателите на Македонија и на Полска, Ѓорге Иванов и Бронислав Коморовски во придружба на своите сопруги денеска ќе престојуваат во Охрид, каде ќе посетат повеќе културно-историски знаменитости.
Иванов и Коморовски и нивните сопруги ќе ги посетат Св. Климентовиот храм „Св. Пантелејмон“ на Плаошник, манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ и галеријата на икони, црквата „Св. Софија“, а ќе ги разгледаат и манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и наколната населба „Залив на коски“.
Полскиот претседател Коморовски од вчера е во официјална посета на Република Македонија.