По завршувањето на првото полувреме од натпреварот меѓу Македонија и Шкотска (8. коло во А групата од квалификациите за Светското првенство 2014), резултатот е нерешен 0:0.
Натпреварот се игра на Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје.
Со евентуален позитивен исход, а тоа значи победа или нерешен резултат, Македонија значително ќе ги зголеми шансите за освојување на третото место во групата што би претставувало најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Освен натпреварот во Скопје, од нашата група вечерва уште играат Велс – Србија.