Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби на гостувањето во Драмен од Норвешка со 2:1 во рамки на квалификациите за Евопското фудбалско првенство 2015 година.
Норвешка рано поведе преку Александер Гровен уште во 3.минута. Во 24 минута за Норвешка беше досуден пенал, а Александар Дамчевски доби црвен картон. Сигурен реализатор на пеналот беше Мушанга Бакенга.
Македонија и со играч помалку успеа да постигне гол преку Бобан Николов во 72.минута.
Ова за избраниците на Бобан Бабунски беше прв пораз во 8.та квалификациона група, откако со Азербејџан во 1.коло одиграа нерешено 0:0.
Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен против Азербејџан на 15 ноември.
Табела: Португалија 3 бодови (1 натпревар), Израел 3 (1), Норвешка 3 (2), Македонија 1 (2) и Азербејџан 1 (2).