Бесплатна градинка за сите деца согласно максималниот капацитет и бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение во ООУ „Методи Митевски-Брицо“, одлучи општина Лозово за две нови мерки со кои ќе ги помага родителите во време на економска криза.
„Како човек кој потекнува од работничко семејство точно знам со какви финансиски предизвици се соочувале моите родители за да ни обезбедат пристојни услови за раст и развој кои секој родител ги посакува за своето дете.
Од собраните досегашни искуства, за тој да биде правилен и детето да го достигне својот полн психофизички капацитет, неопходно е да се обезбедат соодветни услови кои подразбираат здрава и избалансирана исхрана, како и нормална средина во којашто детето ќе расте и ќе се развива.
За жал голем процент од граѓаните, не можат да ги овозможат овие услови на сопствените деца поради финансиските потешкотии со кои се соочуваат“, соопшти градоначалникот Бошко Цветковски.
Тој додава дека на овој начин на секое младо семејство, а родителите ќе заштедуваат 1700 денари за едно дете или околу 13.000 денари кои ги издвојувале за оброк во училиште. Оние родители кои имаат деца во градинка ќе го избегнат трошокот од 18.000 денари годишно за едно дете во градинка.