Германскиот суд осуди петмина мажи за упад во музеј во Дрезден и кражба на 21 парче накит во вредност од 113,8 милиони евра, меѓу кои имало повеќе од 4.300 дијаманти.
Мажите, на возраст меѓу 24 и 29 години, добија затворски казни во опсег од четири години и четири месеци до шест години и три месеци, објави АП, повикувајќи се на новинската агенција ДПА.
Судот во Дрезден пресуди дека тие се одговорни за кражбата на накитот од 18 век, што се случи во ноември 2019 година.
Во Германија овој грабеж се смета за еден од најспектакуларните грабежи на накит во поновата историја, додава американската новинска агенција.
Ограбениот музеј се нарекува Зелен трезор и е еден од најстарите во светот.
Основана е во 1723 година и го има богатството на Август Силниот од Саксонија, кое содржи околу 4.000 златни предмети, скапоцени камења и други материјали.