Поранешен капетан на американското воено воздухопловство и неговите колеги се заколнаа на тајност откако виделе објект во облик на диск кој наводно ги исклучил американските нуклеарни проектили.
Капетан на американските воздухопловни сили се присети на застрашувачкиот момент кога неговата нуклеарна база била „нападната од НЛО“.
Тој опиша како стражарите биле „исплашени“ и почнале да „врескаат“ поради бизарната глетка, која била криена повеќе од 50 години.
Роберт Салас, пензиониран капетан на американските воздухопловни сили, ја водеше воздухопловната база Малмстром во Монтана во 1967 година. Тој и неговите колеги виделе осум портокалови светла над базата во која биле сместени 10 нуклеарни проектили.
Салас опиша како стражарите веднаш почнале да трчаат да се сокријат, додека „леталото во облик на диск“ ги „гаснело“ нуклеарките.
Во новата серија, НЛО на National Geographic: Истражување на непознатото, која ќе се емитувана оваа недела, Салас изјави во емисијата: „Некако го отфрлив тоа кога ми кажаа. Дури реков: „Мислиш на НЛО?“ Околу пет минути подоцна чуварот повторно се јави и почна да вреска“.
„Кога ја спуштив слушалката, мислев дека сме нападнати. Можевме да ги видиме како сцетлата на инструменталната табла се менуваат од зелено во црвено, што значеше дека нуклеарните проектили не функционираат.
Овој случај никогаш не бил истражен, барем не за јавноста, а персоналот во тоа време морал да потпише документи со заклетва на тајност.
Три години по инцидентот, Военото воздухопловство на САД ја прекина истрагата за сите објекти на НЛО, велејќи дека ниту едно пријавено видување никогаш не претставувало закана.
Салас на крајот од интервјуто за ова додаде: „Сето тоа беше лага“.