ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со папата Франциско во Рим. Тоа е негова прва посета на италијанската престолнина од почетокот на руската инвазија.

Папата се уште не бил во Киев од почетокот на војната

Повеќе од една година Папата речиси секој ден ги повикува верниците да се молат за Украина и редовно апелира до Киев и Москва да се договорат за прекин на огнот. Тој се уште не ја прифатил поканата на Украина да го посети Киев, велејќи дека ќе оди само ако биде поканет и во Русија.

Деталите за посетата на Зеленски на Рим првично беа чувани во тајност од безбедносни причини. Не е јасно дали утре по средбите во Рим ќе отпатува за Германија. Подготовките за неговото пристигнување во Берлин траат веќе неколку дена, иако тој не е потврден.

Зеленски утре во име на украинскиот народ треба да ја прими престижната награда Карло Велики во германскиот град Ахен, но останува нејасно дали тој лично ќе присуствува на доделувањето.

Би можело да ве интересира

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски