Британија: Разочарани сме што на Зеленски не му е дозволено да зборува на Евровизија

Од:

Британската влада денеска го изрази своето разочарување од одлуката на организаторите на Евровизија да не му дозволат на украинскиот претседател Володимир Зеленски да и се обрати на јавноста на финалето во сабота.

„Премиерот смета дека би било правилно да му се дозволи на претседателот Зеленски да зборува за време на натпреварот. Вредностите и слободите за кои се борат претседателот Зеленски и украинскиот народ не се политички, туку фундаментални“, рече портпаролот.

Самите организатори го признаа тоа „минатата година кога ја исклучија Русија од натпреварот“, се нагласува во соопштението на британската влада. Русија беше исклучена од овогодинешното натпреварување, како и во 2022 година, кога ја започна својата војната против Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организираше натпреварот, го одби барањето на украинскиот претседател да и се обрати на јавноста преку видео порака за време на финалната вечер. „Еден од столбовите на овој натпревар е неговата аполитична природа. Овој принцип забранува политички или поврзани изјави за време на натпреварот“, објави ЕБУ.

Овогодинешната Евровизија се одржува во Ливерпул на северот на Англија бидејќи Велика Британија го освои второто место на минатогодишниот натпревар и ја презеде улогата на домаќин од Украина, која победи, но не можеше да го организира настанот поради руската инвазија.

Во финалната вечер во сабота ќе се натпреваруваат изведувачи од 26 земји, а од ЕБУ наведуваат дека е планирано изрзување почит на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите